Дома Фудбал Останато „Ибрахимовиќ ми кажа дека во ПСЖ го мразел Кавани“

„Ибрахимовиќ ми кажа дека во ПСЖ го мразел Кавани“

Златан Ибрахимовиќ низ кариерата предизвикуваше контроверзии каде и да одеше.

Исклучок беше Барселона каде што беше во сенка на Лионел Меси, но и останатите ѕвезди. Ибрахимовиќ во останатите клубови се чувствуваше како шеф и соиграчите не се прашуваа многу покрај него.

Сега поранешниот соиграч на Ибра од ЛА Галакси, Мајкл Каини тврди дека Златан го мразел Едисон Кавани додека бил во ПСЖ.

„Го прашав за односот со соиграчите и тренерите во ПСЖ кога дојде во Галакси. Ми кажа дека освен со Кавани со другите се било во ред. Тој мразел тројца или четворица играчи во кариерата и Кавани е еден од нив. Секој кој во ПСЖ бил близок со Кавани автоматски застанувал и против Златан“, раскажа Каини.

Ибра и Кавани соблекувалната ја делеа од 2012 до 2016 година. Уругваецот и понатаму е член на ПСЖ додека Ибрахимовиќ во овој момент е под договор со Милан после двете години поминати во САД.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Анализа и предлог тип: Се очекува голеада во Мехенгладбах

Борусија Менхенгладбах е домаќин на Унион Берлин во еден од двата меча кои се на програмат…