Денес Металург поради финансиските проблеми остана без уште еден француски ракометар. Откако браќањата Њокас претходно се пресели во Вардар, сега тимот го напушти Абдула Мане.
Претседателката на Металург, Зорица Блажевска истакна дека мора да се направат промени, но и најави дека клубот ќе успее да застане на здрави нозе.




Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓
„Ништо не е случајно, ни без план. Одамна требаше да се направи рез, колку и да е болен. Да се расчистат долгови без да се ствараат нови. Можеби се ќе беше веќе средено да не се случеше Ковид-кризата која значајно ги намали нашите приходи. Осум до девет годишни долгови се појавуваат секојдневно, но и нови договори кои нема да дозволат да се стави клуч на врата. Јас имам разбирање за играчи и доверители кои немаат можност да се снајдат во оваа ситуација која настана во јули, после формирање на ростерот, но и замолувам за трпение. Докажав како претседател дека намерата ми е комплетно раздолжување, можеби оди бавно, но нема да застанеме. Не знам зошто е тешко да се сфати, ниту зошто се посочува како срамна ситуација, едноставно е, секој има лоши и добри периоди.




Ние имаме долгорочни планови и никој нема да биде изоставен. Секој чекор е добро промислен, секој партнер за новата 2022 е внимателно избран. Ќе има и промени во тимот, но не само негативни. Добро е да се прифати дека овој Металург не е истиот од 2012/13 и политиката не е иста. Плукањето по медиуми и навивањето да згасне клубот нема да помогне никому. Силен Металург е клучен за ракометот во Македонија, враќањето на таков Металург е наша цел, дури и ако треба да се почне од нула. Секое лошо за добро е и овие промени, колку и да се турбулентни, ќе се уверите дека водат кон подобра иднина“, порача претседателката на Металург.