Дома Македонски спорт Мак фудбал Захариевски: Вардар може повеќе и подобро, недостасува самодоверба

Захариевски: Вардар може повеќе и подобро, недостасува самодоверба

Екипата на Вардар во првиот натпревар со новиот тренер Срѓан Захариевски на клупата успеа да остане непоразена во натпреварот против Гостивар.

Во Маџари во натпреварот во кој Гостивар ја имаше улогата на домаќин Вардар одигра 1:1.


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


„Прво, не знам дали да честитам на освоениот бод. Од првиот ден кога дојдов, кажав дека во секој натпревар одиме на победа. Тремата и лошите додавања во првиот дел ни направија проблеми, тешко ја изнесувавме топката, но во вториот дел компезиравме со голема борбеност. Вардар може повеќе и подобро, кога играчите ќе сфатат дека можат да се натпреваруваат, ќе направиме повеќе.

Да не заборавиме дека фудбалерите немаат голема самодоверба. Кога ќе дојдат победите, тимот ќе игра поквалитетно. Задоволни сме од бодот, игравме против квалитетен тим. Во фудбалот некогаш одиш чекор напред, некогаш те враќа назад.

Ние ќе одиме на победи, од првиот ден нјавив дека екипата ќе се бори. Ќе играме агрсивно, но потребно е и време да поминеме заедно. Се надевам ќе бидеме подобри во следните натпревари“, изјави Захариевски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Општа тепачка на кошаркарски натпревар, претепан кошаркар🎥

Пријателскиот натпревар во СРЦ „Кале“ меѓу ТФТ Скопје и Чаир 2030 не го дочека својот крај…