Дома Топ вести Запознајте го фудбалерот за кого „лудуваат“ европските гиганти!

Запознајте го фудбалерот за кого „лудуваат“ европските гиганти!

Европските гигант, пред се клуботите од Премир лигата, се заинтересирани за услугите на фудбалерот на Борусија Мехенгладбах, Денис Закарија.

Станува збор за 22 годишен фудбалер од средниот ред кој импресионира под водство на новиот менаџер на клубот, Марко Росе.

Закарија може да игра на сите позиции во средниот ред, а „Билд“ пренесува дека Ливерпул веќе стапил во контакт со неговиот агент и е спремен да плати 50 милиони евра.

Интерес за швајцарскиот репрезентативец покажуваат уште Тотенхем, Манчестер Јунајтед, Интер и Атлетико Мадрид, па поради тоа „црвените“ брзаат и сакаат да ја победат конкуренцијата.

Закарија е вистински хит оваа сезона во Бундеслигата, а во Борусија Мехенгладбај пристигна од Јанг Бојс за 12 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ситуацијата поради која навивачите на Звезда долго ќе жалат

Екипата на Милан некако успеа да ја елиминира Црвена Звезда и да го осигура пласманот во о…