Дома Трансфер зона Запиша три настапи, а Баерн од него може да заработи шест милиони евра

Запиша три настапи, а Баерн од него може да заработи шест милиони евра

Во последните две кола на Лил му се потребни четири бода за и математички да ја обезбеди титулата во Лига 1 и со тоа да ја прекине доминацијата на ПСЖ.

Францускиот тим веќе почна да го склопува тимот и за наредната сезона во која ќе играат Лигата на шампионите. Нивна мета сега наводно е голманот на Баерн Александер Нубел.

Нубел во Баерн пристигна од Шалке во 2020 година и се пишуваше дека може да биде наследник на Мануел Ноер, но не ги оправда очекувањата.

Оваа сезона за Баерн Нубел настапи само на три натпревари во сите натпреварувања.

Кариерата ја започна во редовите нa Падерборн каде што ги помина сите младински селекции, а во Шалке премина во 2015 година. Неговата вредност во овој момент според „Трансфермаркт“ изнесува 6.5 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Мбапе проговори: Морам да ја донесам вистинската одлука

Веќе од поодамна се шпекулира дека Мбапе ова лето ќе го напушти тимот на ПСЖ. Името на мла…