Дома Фудбал Останато Заборавениот голем талент раскажува како е да се биде цимер со Ибра: Ме удираше, а ја немав поим зошто

Заборавениот голем талент раскажува како е да се биде цимер со Ибра: Ме удираше, а ја немав поим зошто

Се сеќавате на Стивен Пиенар? Овој јужноафрички фудбалер беше голем талент на почетокот на 2000-тите, а во кариерата играше за Ајакс Борусија Дортмунд, Евертон, Тотенхем и Сандерленд.

Пиенар се потсети на времето кога во Ајакс соблекувалната ја делеше со Златан Ибрахимовиќ кој бил негов цимер.

„Мојот и креветот на Златан беа споени. Немаше многу простор. Некогаш ме удираше без причина. Немав поим зошто, но беше добар дечко. Често игравме игри на Плејстејшн“, раскажа Пиенар.

„Едно утро не можевме да го разбудиме кога изби пожар во автобусот. Беше точно под нашиот прозор. Моравме да ги земеме торбите и да ја напуштиме собата. Јас ја земав мојата торба, а Златан викна: Врати се, мораш да ја земеш и мојата торба. Се вративме на спиење, но јас не можев да псијам“, раскажа поранешниот репрезентативец на Јужна Африка.

Златан за Ајакс играше од 2001 до 2004 година.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Преговорите започнаа: Третиот најбогат човек во светот го купува Милан

Италијанскиот гигант Милан наскоро би можел да добие нов сопственик и тоа еден од најбогат…