
Добар дел од фудбалските фанови кои посебно ги следат изведувачите на слободни удари сигурно ќе ви го издвојат Жунињо Пернамбукано како најдобар.
Легендарниот бразилски фудбалер најдобрите денови од кариерата ги помина во дресот на Лион додека овој клуб доминираше во Франција. Лион имаше одлични настапи во Лигата на шампионите, а Жунињо воодушевуваше со своите мајстории.
Топ 10 трансфери оваа зима! Кој потроши најмногу!? ↓↓↓
Посебно се памети голот кој Жунињо го постигна против Барселона во осминафиналето од Лигата на шампионите во 2009 година. Тој натпревар се играше на 24. Февруари, а резултатот на крајот беше 1:1.
?? Juninho Pernambucano free-kick masterclass ?
— UEFA Champions League (@ChampionsLeague) April 7, 2020
?? @Juninhope08 #UCL | @OL_English pic.twitter.com/IdHtCIOndK