Исксусниот голгетер Оливие Жиру денес потврди дека после три сезони го напушта Милан и се сели во МЛС лигата.
Неговиот договор со Милан истекува на лето и ќе замине како слободен агент, а за клупскиот канал потврди дека кариерата ќе ја продолжи во МЛС лигата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Французинот веќе постигнал договор со ФК Лос Анџелес и ќе игра во МЛС лигата. ФК Лос Анџелес е клуб кој постои само девет години, но веќе во своите редови има познати фудбалери, таму е и сонародникот на Жиру Уго Лорис.
„После три години го напуштам Милан и ќе ги одиграм последните два натпревари за овој клуб. Заминувам, но Милан секогаш ќе остане во моето срце, поминав прекрасни години овде“, изјави Жиру.
🚨🇫🇷 OFFICIAL: Olivier Giroud leaves AC Milan at the end of the season as he’s joining MLS side LAFC.
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) May 13, 2024
It’s the end of an era for Giroud in Europe, now set for MLS move.
“I’m proud for what I did here at Milan, I’ll play my final games and then I’ll move to MLS”. 🇺🇸 pic.twitter.com/Pg3XykteFj