Дома Фудбал Италија Жиру ја доби казната за навредите кон судијата

Жиру ја доби казната за навредите кон судијата

Францускиот фудбалер и напаѓач на Милан Оливие Жиру е суспендиран на два натпревари поради црвениот картон кој го доби во натпреварот против Лече, објави италијанската лига.

Жиру доби втор жолт картон поради навреди кон судијата и сега ќе биде дополнително казнет.

Милан во следните два натпревари ќе игра против Фиорентина и Фросиноне во Серија А.

Жиру дресот на Милан го носи од 2021 година и на 73 натпревари за „росонерите“ постигна 31 гол.

За репрезентацијата на Франција одигра 127 натпревари и постигна 54 гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Жан-Филип Матета започнал војна со Кристал Палас

Напаѓачот Жан-Филип Матета влезе во сериозен конфликт со својот клуб Кристал Палас, и го о…