Дома Фудбал Останато Единствениот Дани Освалдо: Роналдо оди дома и прави склекови, а јас правам скара, Меси живее во „златен затвор“…

Единствениот Дани Освалдо: Роналдо оди дома и прави склекови, а јас правам скара, Меси живее во „златен затвор“…

Неодамна Дани Освалдо даде интервју за „Сан“ (тука) во кое откри зошто го напуштил фудбалот на 30 години кога можел да игра и да заработи уште некој милион, сега шпанска „Марка“ се одлучи со поранешниот фудбалер да зборува за други теми.

Освладо во својата кариера настапуваше за клубови како Рома, Јувентус, Интер, Бока, Порто…Денес тој е посветен на неговата страст – музиката.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


И „Марка“ му го постави прашањето на Освалдо зошто престанал да игра, а тој и овој пат даде интересен одговор:

„Светот на фудбалот не беше за мене. Кристиано Роналдо сака да оди дома и да прави склекови, а јас само сакав да одам и да правам скара“.

Сепак признава дека го сака фудбалот.

„Фудбалот ми даде шанса да заработам и да си помогнам на себе и семејството. Можам да си дозволам да не работам. Фудбалот ми овозможи да патувам и да запознаам луѓе од најразлични места на светот. Накратко кажано ми го промени животот, но ми ја одзема слободата. Јас не можев да се откажам од слободата, сепак и понатаму го сакам, би излажал ако кажам дека не е така“.

Цигарите за него беа секојдневие. Само различни тренери, на различен начин го толерираа.

„Пушев на тренинг камповите во Италија, па тренерите ме прашаа дали ми треба запалка. Скелото ме исфрли од Бока кога дозна дека пушам. Но, играв фудбал пред некој ден со пријателите и се чуствував како да умирам. Сега се ме боли“.

Дали би сакал да си како Лионел Меси?

„Не. Би сакал да играм како него, но не и да имам живот како неговиот. Тој како да живее во златен затвор. Го замислува како го купува најголемиот телевизор на светот, но никогаш не е во дневната соба да гледа ТВ. Веројатно вози ферари, а знае дека живее на 15 минути од тренинг центарот на Барселона“, изјави помеѓу другото Дани Освалдо.

Овој човек едноставно не може да го мразите – единствен лик!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Елиминацијата на Алкараз е одлична вест за Ѓоковиќ и Синер

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз изненадувачки беше елиминиран во четвртфиналето на турнир…