Не може да не се сеќавате на него, Дани Освладо го напушти клубот на 30 години, а во кариерата го носеше дресот на клубови како Рома, Јувентус, Интер, Бока, Порто…Одлучи да стави крај иако сигурно можеше да одигра уште некоја година.
Освладо одлучи да се занимава со неговата „втора љубов“ во животот да стане музичар, да може да испуши цигара без да биде забележан, да ја запее омилената песна, да испие некоја чашка алкохол…
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Денес има 32 години свири рок во Барселона и ужива во животот.
„Имав 30 години кога го напуштив фудбалот. Луѓето велат дека тоа времето кога го достигнуваш врвот во фудбалот. Но луѓето не разбираат, знаете, ме гледаат како да сум луд. Имав се и го напуштив тоа“.
„Ме гледаат и ми кажуваат: Играше во некои од најдобрите клубови во светот и одлучи сето тоа да го оставиш за да го правиш ова? Ти си полудел! Но не разбираат. Ова е мојата страст“, зборуваше Освалдо, а потоа конкретно откри зошто го напуштил фудбалот.
„Фудбалот со себе носи навистина многу, многу правила. Јас не сум добар со правилата. Сакам да бидам слбооден“.
„Сепак горд сум на кариерата, на фудбалот му должам се. Но во фудбалот морате да живеете живот кој не е реален. Имаш цена, вредност. Тоа е лудост. Ако си добар вредиш милиони, ако не ништо. Ако дадеш гол тогаш си Бог, ако не дадеш си ср*ње“.
„Единствената работа која ги интересираше за мене беше дали Даниел Освладо е добар играч. Не им беше гајле дали сум добар човек или не су,. Не сум таков. Јас сум чуствителна личност. Станав уморен. Полудев и одлучив да го оставам таквиот живот и да го живеам ова денес. Сега се чуствувам слободно и релаксирано, среќен сум“, заврши Освалдо.