Дома Фудбал Англија Еден играч не верува дека Ван Дајк не бил издриблан цела сезона

Еден играч не верува дека Ван Дајк не бил издриблан цела сезона

Никој не го издрибла цела сезона – ова е реченицата со која најчесто се опишува квалитетот на стоперот на Ливерпул Вирџил Ван Дајк.

Најскапиот дефанзивец во историјата на фудбалот никој не успеа да го издрибла во сезоната 2018/2019.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


За Клоп да го има на располагање Ливерпул мораше да плати 80 милиони евра и јасно е дека не погреши.

Серхио Агуери, Лео Меси, Роберт Левандовски, Сон Хеунг Мин…Се некои од играчите со кои се сретна Холанѓанецот. Напаѓачи кои би го издриблале секој дефанзивец, но не и Ван Дајк.

Меѓутоа Бразилецот, Лукас Моура не верува дека тоа е баш така, тој тврди дека Ван Дајк е издрибалн и тоа токму против Тотенхем.

„Не знам дали тоа е вистина, велат дека никој не го издриблал…Ако човекот  помине покрај вас тоа е веќе дриблинг. Не знам, играчите постојано поминуваа покрај него. Знам дека постигнав гол против Ливерпул и тој беше оставен назад, но дека е добар, добар е“, изјави Моура.

Се добива впечаток дека Моура не го интересира критериумот кој се зима во предвид (дали некој е издриблан) туку важно му е што неговиот тим успеал да ја надмурди комплетната одбрана на Ливерпул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Мурињо се интересира од Марко Асенсио

Позајмицата на шпанскиот офанзивен играч за врска Марко Асенсио во Астон Вила заврши, но с…