Дома Фудбал Лига на шампиони Еве што му треба на Реал за пласман во нокаут фазата

Еве што му треба на Реал за пласман во нокаут фазата

Реал Мадрид вечерва изгуби од Шахтјор со 0:2 и со тоа „кралевите“ си го доведоа под знак прашалник пласманот во нокаут фазата.

Што му треба на Реал да ја помине групната фаза?

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Многу работи зависат од дуелот помеѓу Борусија Менхегладбах и Интер кој се игра во овие моменти. Во случај на победа на Германците Реал во последното коло ќе мора да победи над Борусија со услов Шахтјор да не освои три бода против Интер кој во таков случај не би имал резултатски мотив за игра. Ако Интер победи тогаш и „нероаѕурите“ во последното коло ќе се борат за место во нокаут фазата.

На Реал бод против Борусија ќе му биде доволен во случај ако Интер не победи денес во Германија, а победи во последното коло со Шахтјор.

Постои опција дури и Реал да заврши како четврти и да не игра ниту во Лига Европа. За тоа е потребно Интер да победи вечерва и против Шахтјор и Реал да изгуби во последното коло против Борусија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Аморим може изненадувачки да го напушти Манчестер Јунајтед

Менаџерот на Манчестер Јунајтед Рубен Аморим може да добие целосно неочекувана шанса да го…