Од пред два дена македонскиот репрезентативец Енис Барди на големо се поврзува со англискиот премиерлигаш Арсенал.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Според она што се пишува во медиумите Арсенал за Барди веќе испратил официјална понуда од 20 милиони евра. Наводно Леванте бара пет повеќе, иако Барди има откупна клазула во договорото од 50 милиони евра.

Кога Барди веќе почна да се поврзува со Арсенал медиумите на Островот се решија и да го претстават на навивачите на „топџиите“.
„Фудбал Лондон“ наведе детали од неговата кариера истакнувајќи дека е мајстор за слободни удари и дека игра солидна сезона во Ла Лига.
Покрај најавите во медиумите веќе може да се пронајдат и видеа за „добредојде“ на Барди во Арсенал.