Дома Фудбал Останато Дракслер: Би бил лажго ако кажам дека во Катар не дојдов поради пари

Дракслер: Би бил лажго ако кажам дека во Катар не дојдов поради пари

Јулијан Дракслер некогаш важеше за еден од најголемите германски таленти, но никогаш не ги исполни очекувањата во целост, а неодамна стави крај на играњето фудбал на високо ниво со трансферот во Катар.

Дракслер на тој начин многу веројатно и кажа „збогум“ на репрезентацијата на Германија на кој од денес и официјално Нагелсман е селектор. Германецот не крие и признава дека главната причина за трансферот во Катар се парите.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Би можел сега да кажам дека по 12 години фудбал во Европа, сакав да запоазнаам нова култура и да стекнам ново искуство. Сето тоа е точно, но би бил лажго ако не кажам дека клучна улога одигра финансискиот дел.

Заклучив дека понудите финансиски услови даваат повеќе опции за мене и моето семејство. Но, навистина очекувам фудбалот тука наскоро да му парира на европскиот“, изјави Дракслер.

Покрај ПСЖ, Дракслер играше за Шалке и Волфсбург, а минатата сезона ја помина на позајмицата во Бенфика.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ливерпул на праг на голем трансфер. Подготвува голема сума за напаѓач

Ливерпул ја истакнува својата сериозна и постојана заинтересираност за младиот крилен напа…