Дома Топ вести Дортмунд ја намали цената, Санчо блиску до враќање во Премиер лигата

Дортмунд ја намали цената, Санчо блиску до враќање во Премиер лигата

Борисија Дортмунд се соочува со финансиски проблеми и ќе продаде најмалку една своја ѕвезда во летниот преоден рок, пренесуваат германските медиуми.

Медиумите тврдат дека прв на листата за продажба е Џејдон Санчо, а причина е слабата форма на тимот и на економските последици од пандемијата на Ковид.

Шансата ќе ја искористи Манчестер Јунајтед, кој силно го посакуваше Санчо уште минатото лето. Во последно време се тврдеше дека „црвените ѓаволи“ се откажале од Англичанецот, но сега го обновува интересот откако неговата цена се намали.

Според последните информации Дортмунд ја намалил цената на Санчо и е спремен да го пушти за 90-100 милиони евра, сума која Јунајтед е спремен да ја плати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Доказ дека Роналдо си заминува од Јувентус🎥

Иднината на Кристиано Роналдо во Јувентус е неизвесна и се погласни се шпекулациите дека ќ…