Дома Останати Кошарка НБА Дончиќ ја доби пресметката со Вучевиќ, Јокиќ повторно блескаше, Харден и Дурант го срушија Сан Антонио 🎥

Дончиќ ја доби пресметката со Вучевиќ, Јокиќ повторно блескаше, Харден и Дурант го срушија Сан Антонио 🎥

Изминатата вечер во НБА лигата беа одиграни седум натпревари.

Никола Вучевиќ и Лука Дончиќ во балканскиот дуел имаа вистинска револверска пресметка. На крајот гостите славеа со 124:130. Дончиќ натпреварот го заврши со 33 поени, 10 скокови и 9 асистенции. Вучевиќ на другата страна постигна 29 поени.

Нова фантастична вечер имаше и Никола Јокиќ кој со својот Денвер го сруши Чикаго со резултат 118:112. Српскиот центар уфрли дури 39 поени, а додаде уште 14 скокови и 9 асистенции.

Во можеби најголемото дерби во вечерта Бруклин после голема драма и продолженија славеше со Сан Антонио со резултат 124:113. Тимот на Грег Попвич немаше решение за тандемот Харден – Дурант. Харден мечот го заврши со 30 поени, Дурант со 27.

НБА РЕЗУЛТАТИ: Орландо – Далас 124:130, Филаделфија – Индијана 130:114, Чикаго – Денвер 112:118, Њу Орлеанс – Јута 129:124, Сан Антонио – Бруклин 113:124, Хјустон – Кливленд 90:101, Портланд – Шарлот 123:111.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Дебакл: Футсал репрезентацијата поразена со 9:1

Футсал репрезентацијата на Македонија во последното коло во натпреварот против Романија за…