Дома Трансфер зона Донарума не се преселил во Јувентус само поради Алегри

Донарума не се преселил во Јувентус само поради Алегри

Масимилијано Алегри неодамна се врати на клупата на Јувентус на местото на Андреа Пирло кој доби отказ после само една сезона.

Медиумите во Италија објавија дека Алегри веднаш по доаѓањето добил прилика да го ангажира Џанлуиџи Донарума кој многу веројтно ќе го напушти Јувентус. Донарума многу се поврзуваше со Јувентус, но токму во моментот кога беше промовиран Алегри престанаа поврзувањата на Донарума и „старата дама“.

Тоа се случило затоа што Алегри го избрал Шчесни, тврди Џанлука Ди Марцио.

„Алегри по самото доаѓање соопшти на тимот дека сака да го задржи Шчесни во тимот. Полскиот голман според него е во топ 5 голмани во светот. Донарума беше блиску и се преговараше, но кога дојде Алегри тие преговори се прекинаа“, тврди Ди Марцио.

Како што сега стојат работите големи се шансите Донарума кариерата да ја продолжи во ПСЖ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Рамос го шокирал Малдини со своите барања

Серхио Рамос вчера и официјално се прости од Реал Мадрид. Овој искусен дефанзивец во дресо…