Дома Трансфер зона Директорот на Јувентус го најави заминувањето на Де Лихт: Не можете да задржите играч кој сака да замине

Директорот на Јувентус го најави заминувањето на Де Лихт: Не можете да задржите играч кој сака да замине

Во претходниот период многу се шпекулираше за иднината на Матијас Де Лихт, а сега е потврдено дека дефанзивецот сака си замине од Јувентус.

Спортскиот директор на Јувентус, Маурицио Аривабене за италијанските медиуми даде изјава во која потврди дека Де Лихт не е задоволен во Торино.

“Невозможно е да задржите играч кој сака да го напушти клубот. Целта е да бидат задоволени сите три страни во преговорите“, кратко изјави Аривабане.

Де Лихт во Јувентус пристигна од Ајакс како големо засилување во одбраната, иако имаше солидни настапи сепак не ги исполни очекувањата во целост. Сепак, неговото заминување сигурно дека ќе направи проблем во Јувентус кој ќе мора да му бара замена.

Во претходниот период Де Лихт најмногу се поврзуваше со Премиер лигата и тимот на Челзи кој бара замена за Антонио Рудигер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Конте во Тотенхем „отпишал“ четворица играчи кои вредат 100 милиони евра

Медиумите на Островот пренесуваат дека раководството на Тотенхем испратило порака до четво…