Ѕвездата на Ајакс, Френки де Јонг беше видно разочаран после поразот од Тотенхем во последните секунди од мечот.
Сепак, новиот фудбалер на Барселона даде рационално објаснување и истакна дека паднала играта на целиот тим во второто полувреме, што било причина „бајката да заврши тажно“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Мислам дека со играта која Ајакс ја покажа на целиот турнир до овде, како и во првото полувреме и овој меч, заслуживме да се пласираме во финалето“, истакна Де Јонг.
„Но, треба да признаевеме дека во второто полувреме не игравме на нашето ниво, па Тотенхем заслужено победи. Во определени периоди од мечот го покажавме нашиот потенцијал, но Тотенхем ни направи многу проблеми во второто полувреме. Сметам дека сите треба да бидат задоволни со нашето постигнување во Лигата на шампиони, ова беше една бајка, која за жал немаше среќен крај“, истакна младиот Холанѓанец.