Дома Фудбал Конечно: Барселона постигна договор, паѓа еден од најважните потписи!

Конечно: Барселона постигна договор, паѓа еден од најважните потписи!

Холандскиот фудбалер Френки де Јонг (28) се одлучи да го продолжи договорот со Барселона по долгогодишни преговори кои често завршуваа на насловните страници на шпанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тековниот договор на Де Јонг истекува летото 2026 година, а управата на Барселона долго време не можеше да постигне договор со неговите агенти за продолжување на соработката. Меѓутоа, сега од Mundo Deportivo доаѓа информација дека е конечно постигнат договор.

Покрај сите пречки, Де Јонг на крајот прифати намалување на неговата плата, нешто што досега го одбиваше откако Жоан Лапорта стана претседател на клубот од Камп Ноу.

Лапорта ја презеде функцијата во март 2021, во период кога Барселона се соочуваше со значителна финансиска криза чијашто сенка се протега и денес. До неодамна, Де Јонг беше еден од ретките играчи кои не се согласија на намалена плата, сè до денес.

Според важечкиот договор, кој истекува утре, Де Јонг заработува околу 365.000 евра неделно, но засега не е откриено какви ќе бидат неговите примања според новиот договор.

Она што е познато, е дека во новиот договор има клаузула за откуп од неверојатни 500 милиони евра, што ќе мора да го плати секој клуб што сака да го ангажира Холанѓанецот во своите редови.

Де Јонг се приклучи на Барселона од Ајакс летото 2019 година, кога каталонскиот гигант за неговиот трансфер плати 86 милиони евра.

Спортскиот директор Деко претходно јавно го истакна својот став, опишувајќи го Де Јонг како “клучен играч за проектот” што го имаат во Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Спектакуларно: Повеќе од 100.000 навивачи ги дочекаа фудбалерите на Норвешка во Осло! (Видео)

Повеќе од 100.000 луѓе се собраа на улиците на норвешката престолнина Осло, за да ја чести…