Давид Де Геа веќе долго време е без клуб, а според последните информации наскоро би можел да се врати на терените.
Шпанецот иако една година нема клуб не ја завршува кариерата. Последните информации говорат дека е блиску до потпишување со клуб од италијанската Серија А. Претходно се поврзауваше со Џенова, а сега наводно во игра е Фиорентина.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Де Геа е без ангажман откако замина од Манчестер Јунајтед, имаше опции, но тој не сака да прифати било каков договор и има свои услови. Во Саудиска Арабија не замина затоа што не му се допаѓа животот во оваа земја, а со неколку европски клубови не успеа да постигне договор околу платата.