Дома Фудбал Англија Де Брујн: Ако не ја освоиме ЛШ, ќе бидеме губитници

Де Брујн: Ако не ја освоиме ЛШ, ќе бидеме губитници

Ѕвездата на Манчестер Сити, Кевин де Брујн, ги сподели своите размислувања пред одигрувањето на првиот меч од осминафиналната пресметка од Лигата на шампионите со Реал Мадрид.

Манчестер Сити ќе биде на тежок испит во осминафиналето од Лигата на шампиони бидејќи ќе се соочи со најтрофејниот клуб во најелитното натпреварување, Реал Мадрид.

Пред утрешниот меч, ѕвездата на Манчестер Сити, Кевин де Брујн вели дека неговиот тим игра за освојување на трофејот, но му ја препушти фаворитската улога на „кралевите“.

„Секако, Реал Мадрид е фаворит. Тие имаат освоено најмногу трофеи во ЛШ. Но, мислам дека ние, како и секогаш, ќе се обидеме да го играме нашиот фудбал и да дејствуваме во напаѓачки стил. Ќе се обидеме да ги ставиме под притисок, да имаме добар натпревар и, ако е можно, да победиме“, истакна Белгиецот.

„Ако не ја освоиме Лигата на шампионите, тогаш сите, како и во последните 5 години, ќе речат дека сме губитници. Ова е натпреварување на кое се уште не сме победиле. Секогаш сакаме да ги освоиме сите трофеи, па и оваа година наша цел останува трифејот во Лигата на шампиони“,  изјави Де Брујн.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Дибала за битката со коронавирусот: Едвај дишев и имав болки во мускулите

Ѕвездата на Јувентус, Пауло Дибала беше еден од играчите од Серија А кои беа позитивни на …