Eкипата на Манчестер Сити не победи и одигра реми на отворањето на новата сезона во Лигата на шампионите против тимот на Интер.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Но, поголем проблем за англискиот шампион од тоа што не победија може да претставува повредата на еден од најважните во тимот, Кевин Де Брујн. Де Брујн минатата сезона поради повреда пропушти дури 43 натпревари, па поради тоа и има за што да стравуваат во таборот на „граѓаните“.
Де Брујн почувствува болка во ногата, се обиде да продолжи, меѓутоа сепак на полувремето остана во соблекувалната.
Повредата на Де Брујн доаѓа пред големото дерби кое Манчестер Сити ќе го игра против Арсенал. Според првичните најави, белгискиот фудбалер нема да биде спремен за овој дуел, а се чекаат деталните прегледи за да се знае за каква точно повреда се работи.