Дома Трансфер зона Дефанзивецот на Јувентус се сели во Премиер лигата

Дефанзивецот на Јувентус се сели во Премиер лигата

Дури и пред доаѓањето на Де Лихт, Ругани немаше преголема минутажа, но минатата сезона буквално падна во трет план.

За Ругани се зборуваше дека има голема перспектива да стане иднината во одбраната на Јувентус, но се чини дека од тоа нема ништо.

Пирло нема да смета на дефанзивецот оваа сезона, па Јувентус му ја отвори излезната врата и за неговата слобода бара 15 милиони евра.

Ругани е на мета на неколку клубови од Премиер лигата, како Вест Хем, Њукасл и Лидс, а италијанските медиуми пренесуваат дека „чеканите“ се во пол-позиција.

Вест Хем веќе започнал преговори со Јувентус и се очекува во наредните денови да го комплетира трансферот на италијанскиот дефанзивец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан се договори со француски репрезентативец

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан е на добар пат да го обезбеди потписот на ѕве…