Стоперот на Јувентус, Даниеле Ругани ќе се пресели во Франција.
Ругани се поврзуваше со ЊуРугкасл, Вест Хем, Севиља и Валенсија, а на крајот постигна договор и ќе се пресели во Рен.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Се е договорено помеѓу клубовите и фудбалерот си ги договори личните услови. Во Рен преминува на позајмица за 1.5 милиони евра со што францускиот клуб ќе ја исплаќа неговата плата до крајот на сезоната. Клазула за откуп на крајот од договорот нема.
Со Рен Ругани ќе игра во Лигата на шампионите, овој клуб сезонава за првпат обезбеди настап во најелитното европско натпреварување. Во групната фаза Рен ќе игра против Севиља, Челзи и Краснодар.
Во текот на денот се очекува и официјална потврда за трансферот.