Дома Трансфер зона Болоња сака засилување од Јувентус?

Болоња сака засилување од Јувентус?

Италијанските медиуми пренесуваат дека Синиша Михајловиќ следната сезона во својот тим го посакува Данијеле Ругани oд Јувентус.

Ругани добиваше солидна минутажа, но Бонучи и Киелини имаа предност. Но сега ситуацијата се менува затоа што Киелини направи трансфер во МЛС, а Де Лихт сериозно се поврзува со заминување од Торино. Затоа тешко е да се очекува дека Јувентус ќе се реши да го пушти и Ругани.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сепак, Болоња се надева дека ќе успее во својата намера. Јувентус на „радарот“ има играчи како Кулибали, Габриел, Кимпембе…Во случај да дојде некој тогаш би се отворила вратата за трансфер на Ругани.

Алегри на Ругани гледа како резервна опција и се надева дека нема да остане во ситуација да игра во стартниот состав. Како „адут“ во „своите раце“ од Болоња можеби го имаат Арнаутовиќ кој се поврзуваше со Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…