„Волчицата“ е на чекор од ново засилување!
Спортскиот директор на Рома, Мончи има полни раце работа ова лето.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Договор со Рома веќе потпишаа осум фудбалери, во Рим пристигнаа: Анте Чориќ, Иван Маркано, Брајан Кристанте, Џастин Клајверт, Антонио Миранте, Давиде Сантон, Николо Заниоло и Хавиер Пасторе, на пат е дефанзивецот Вилијам Бијанда, а како што пишуваат италијанските медиуми следен би можел да биде фудбалерот на Сасуоло – Доменико Берарди.
Според „Газета дело Спорт“, преговорите се во завршна фаза, а целиот трансфер ви требало да биде официјализран до крајот на месецот.
Цената е договорена, „волчицата“ ќе плати 20 милиони евра, останува само да се потврдат деталите за соработката помеѓу играчот и клубот.