Дома Фудбал Италија Дерби на денот: Интер сака да го запре фантастичниот Наполи

Дерби на денот: Интер сака да го запре фантастичниот Наполи


Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓



Серија А во новата година продолжува со неколку возбудливи натпревари и едно големо дерби помеѓу Интер и Наполи на „Џузепе Меаца“.

Наполи е неприкосновен лидер на табелата, а Интер во моментов заостанува цели 11 бода зад лидерот, па ова е последна шанса „нероаѕурите“ да фатат приклучок во борбата за Скудетото. Поради тоа овој меч може и тоа како да го одреди понатамошниот тек на сезоната.

Интер нема право на кикс

„Нероаѕурите“ иако важеа за први фаворити за Скудетото од почетокот на сезоната, сепак многу лошо ја отворија сезоната и моментално се наоѓаат на 6-то место на табелата. Тимот на Инзаги заостанува цели 11 бода зад лидерот Наполи, па ова е последна шанса да фати приклучок во борбата за титулата. Добра вест за Интер е што Ромелу Лукаку конечно е спремен за игра бидејќи го пропушти првиот дел од сезоната поради повреда. Меѓутоа, лоша вест за „нероаѕурите“ е што оваа сезона играат многу лошо во дерби натпреварите и ги загубија готови сите дуели со тимовите од врвот. Меѓутоа, сега немаат право на кикс и сигурно ќе се обидат да дојдат до победа пред своите гледачи за почеток на новата година. И останатите тимови од врвот сигурно ќе навиваат за Интер бидејќи Наполи има голема предност на врвот.

Може ли некој да го запре Наполи

Наполи игра фантастична сезона и вакви резултати не можеа да предвидат ниту најголемите оптимисти. Наполи е единствен тим во Топ 5 европските првенства кој е без пораз, а после првите 15 кола има само две ремија. И во Лигата на шампиони Наполи беше убедлив и го освои првото место во многу силна група. Поради тоа многумина сметаат дека ова е вистинската година за конечно Скудетото да пристигне во Неапол. Пред паузата имаат предност од 8 бода пред второпласираниот Милан, па на сите остантати тимови ќе им биде навистина тешко да ги стигнат. Новите засилувања веднаш се вклопија во тимот, особено Кварацхелија, кој ги импресионираше сите со своите партии и се етаблираше во еден од најдобрите фудбалери во Серија А. Овој меч и за Наполи може да биде од пресудно значење, бидејќи позитивен резултат на ова гостување додатно ќе ја крене самодовербата и ќе го доближи овој тим кон титулата. Спалети на располагање ќе го има целиот тим, па се очекува да излезе со најсилен состав.

Очекување

Едно од најголемите дербија на Апенините, па поради тоа очекуваме возбудлив натпревар кој ќе го одлучуваат детали. По трација овие тимови играат натпревари со многу голови, па очекуваме така да биде и овој пат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Медиумите тврдат: Месум Озил заврши со фудбалот

Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓ Поранешниот германск…