Дома Фудбал Лига на шампиони Дерби на денот: Барса е под притисок, Наполи нема што да изгуби!

Дерби на денот: Барса е под притисок, Наполи нема што да изгуби!

Вечер од 21:00 очекуваме „страшен“ натпревар на Ноу Камп. Барса и Наполи не ја исполнија својата цел на домашен план, па сега Европа им остана како последна шанса.

Барселона: Меси со ултиматум, пехар мора да се освои!

Освен одличниот резултат од првиот натпревар, нема други охрабрувачки детали за Барса пред реваншот со Наполи. Во периодот кога се играше првиот натпревар, Барса беше во одлична форма и рушеше се пред себе, но сега малку работите се променија. Каталонците останаа без титула и не поради толку лошите резултати, туку поради неверојатната серија на Реал Мадрид. Сега притисокот е огромен, бидејќи овој тим не е навикнат да заврши сезона без пехар. Тренерот на Барса има доста проблеми со составите бидејќи Умтити нема да игра, а исто така и Дембеле поради опвреди, додека суспензија имаат Видал и Бускетс.

Наполи: Гатузо полага дипломска во Барселона

Кога Мертенс постигна гол за водство на Наполи, навивачите се понадеваа дека нивните љубимци може да го победат големиот ривал. Меѓутоа, 30 минути пред крајот, Гризман донесе изедначување, па Наполитанците скоро и да се поздравија со ова натпреварување. Од тој ден поминаа пет месеци и работите се променија. Наполи во меѓувреме го освои купот на Италија и обезбеди настап во групната фаза на ЛЕ во наредната сезона, но тоа не е никаква утеха за изостанокот од најелитното фудбалско натпреварување ЛШ. Според нас, Наполи нема што да изгуби, па мора да се отвори уште од првата минута на натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Полицијата има прислушкувани разговори: Суарез мора да положи!

Италијанските медиуми утрово објавија дека Луис Суарез со измама го поминал тестот по итал…