Дома Фудбал Лига на шампиони Депај му донесе осминафинале на Лион, па тргна да се тепа со навивачите (ВИДЕО)

Депај му донесе осминафинале на Лион, па тргна да се тепа со навивачите (ВИДЕО)

Вчера беа одиграни првите осум натпревари од последното коло во групната фаза од Лигата на шампионите, а драматична завршница видовме на неколку натпревари.

Лион губеше со 0:2, но успеа да изедначи и тој бод им донесе пласман во нокаут фазата благодарение на победата на Бенфика над Зенит од 3:0.

За 2:2 за Лион гол постигна Мемфис Депај кој после натпреварот влезе во конфликт со навивачите на Лион.

До инцидентот дојде на крајот на натпреварот кога Руди Гарсија им нареди на своите играчи да се поздрават со најверните навивачи на Лион. Се се случи поради навредливиот банер од навивачите за дефанзивецот на Лион, Марсело.

На играчите им засмета како се третира нивниот соиграч, а од сите се издвои Депај.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Бизарен проблем во Шпанија: Некој ги украл сите влезници за натпреварот на Барселона!

Во шпанскиот куп Барселона ќе игра против Ибица, но домаќинот на овој натпревар се соочи с…