Дома Македонски спорт Мак баскет Денес е денот „Д“ за ФК Пелистер: „Чкембарите“ имаат три барања

Денес е денот „Д“ за ФК Пелистер: „Чкембарите“ имаат три барања

До крајот на оваа недела ФК Пелистер би требало да добие нов сопственик и тоа би требало да биде компанијата „Максимо Десароло Лимитед“, оваа компанија веќе испрати понуда до Општина Битола.

Денес ќе се одржи седницата на Општина Битола и советниците ќе треба да го кажат својот став за оваа тема, па така денес е означен како денот „Д“ за Пелистер.

Најверните навивачи на овој клуб, „Чкембарите“ имаат три барања.

1. Поради немањето доволни (никакви) информации за купувачот, пред гласањето, да се обезбедат дополнителни информации за евентуално новиот сопственик. Презентација на проектот како размислуваат да го развиваат клубот во иднина, и да гарантираат транспарентност во иднина, бидејќи, иако се работи за 75% приватна сопственост, ФК Пелистер е субјект кој е од висок јавен интерес за битолчани.

2. Да се вметнат клаузули или одредени анекси во договорот кој ќе го гарантираат зачувувањето на идентитетот на Пелистер. Амблем, боја, име и битолска адреса.  Само „зелено-бел“ Пелистер!

3. Иако фудбалот е игра во која некогаш и парите не играат улога во крајниот резулатат, односно голем влог автоматски не значи голем успех. Меѓутоа, континуираното инвестирање може барем најмалку да го загарантирано прволигашкиот статус на клубот во лига како нашата. Бараме да изнајдете начин, некако да биде и самиот инвеститор условен, Пелистер – само Прва лига!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Пелистер стигна до првата победа во АБА2!

Битолски Пелистер стигна до првата победа во АБА2 лигата и тоа го направи убедливо против …