Фудбалерите на Бразил остварија победа од 2:0 во полуфиналето на Копа Америка против Аргентина и така се пласираа во финалето.
Стрелци во победата на Бразил беа Габриел Хесус во 19-тата минута и Роберто Фирмино во 71-та минута од натпреварот.
Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓
После натпреварот Аргентинците се жалеа на судењто, а и самиот Меси јавно испрати тешки обвинувања и порача дека Бразил е фаворизиран затоа што управува со цел Конмебол (тука).
Во две ситуации репрезентативците на Аргентина бараа пенал, но судијата не го делеше нивното мислење.
Во продолжение можете да ги погледнете двете спорни ситуации. Дали Аргентина беше оштетена?