Дома Трансфер зона Двајца фудбалери на Барселона одбиле намалување на платите, а тоа е проблем за враќањето на Меси

Двајца фудбалери на Барселона одбиле намалување на платите, а тоа е проблем за враќањето на Меси

Лионел Меси веќе подолго време се поврзува со враќање на Барселона, но за да се врати Меси во Каталонија клубот мора да обезбеди големи финансии, а во исто време и да остане во границите на фер-плејот.

Едно од решенијата е намалување на платите на неколку фудбалери, но не се сите среќни и некои од нив одбиваат да постапат по насоките од клубот.


ТОП викенд: Битка за Манчестер и две дербија во Италија! ↓↓↓


Шпанските медиуми пренесуваат дека Франк Кеси и Андреас Кристенсен го одбиле предлогот за намалување на платите и така директно се спротиставиле на желбата на клубот да ги намали расходите за околу 200 милиони евра.

Меси е под договор со ПСЖ до крајот на сезоната и засега нема најави за продолжување, се тврди дека и тој чека да види како ќе се развива ситуацијата во Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Баерн ја постави цената на Алфонсо Дејвис

Еден од најдобрите бекови во светот, Алфонсо Дејвис речиси сигурно следната година ќе го н…