Дома Македонски спорт Дашмир Беари нов селектор на фудбалската репрезентација до 19 години

Дашмир Беари нов селектор на фудбалската репрезентација до 19 години

Дашмир Беари, поранешниот тренер на неколку македонски клубови (Ренова, Гостивар, Дрита, Велазерими), помошник тренер во Ал Раед, Саудиска Арабија и поранешен предводник на македонската селекција до 15 години е именуван за нов селектор на репрезентацијата на Македонија до 19 години.

Новиот селектор на надежната македонска селекција ќе дебитира на клупата на Националниот тим до 19 години на силен турнир во Словенија во периодот од 1. до 7. септември. На пријателскиот турнир во Словенија, покрај нашата и домашната селекција ќе учествуваат репрезентациите на Франција, Русија, Бразил и Саудиска Арабија.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Прилика за ново докажување. И за мене, но и за сите во тимот.Благодарност до Фудбалската федерација на Македонија и тренерската организација за укажаната доверба. Селекцијата до 19 години е една од важните за македонскиот фудбал. Потенцијалот за најголеми репрезентативни достигнувања фудбалерите најчесто го добиваат преку оваа репрезентација. Ќе работам професионално и чесно. Се разбира, во соработка со сите други тренери и селектори на помлади категории сѐ со цел најдобро да го подготвиме тимот. Не очекуваат силни турнири и натпревари, но тоа е прилика за напредок на оваа генерација, изјави Дашмир Беари.

Македонската репрезентација до 19 години покрај турнирот следниот месец во Словенија ќе одигра и два контролни натпревари на 6. и 8. октомври, а квалификацискиот турнир за пласман во Елитна фаза за ЕП е закажан во ноември во Албанија. Нашата селекција е во група со домаќинот Албанија, Франција и Србија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…