Дома Македонски спорт Беари за меѓународниот турнир на У19: Задоволен од сум играта

Беари за меѓународниот турнир на У19: Задоволен од сум играта

Mладата репрезентација на Македонија предводена од селекторот Дашмир Беари во периодот од 1. до 7. септември учествуваше на меѓународен турнир за фудбалери до 19 години во Словенија.

Нашите млади фудбалери на овој турнир одиграа три силни натпревари против домаќинот Словенија, Саудиска Арабија и Словачка.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Првиот натпревар го одигравме на 2. септември против Словенија. Нашите фудбалери може да жалат за претрпениот пораз од домаќинот. Македонија имаше предност од 2:0 и 3:1, но на крајот беа поразени со 4:3. Одличен натпревар одигра нашиот голман Гоце Јовчев, кој покрај одбранетиот пенал на противникот имаше и неколку одлични интервенции.

Во второто коло, Македонија одигра натпревар против Саудиска Арабија. На овој меч, нашите репрезентивци имаа предност од 1:0, но на крајот Саудиска Арабија постигна погодок за израмнување за конечни 1:1. Натпреварот го одбележа тешката повреда на нашиот фудбалер, Андреј Стојчевски, кој доживеа скршеница на раката.

Последниот дуел го одигравме против селекцијата на Словачка. Натпреварот заврши идентично како и дуелот со Саудиска Арабија, 1:1. Нашите фудбалери доминираа во текот на целиот натпревар, беа подобар противник, создадоа многу шанси, но на крајот не успеаа да слават победа. 

Дашмир Беари – селектор на репрезентацијата на Македонија до 19 години:

– „Задоволен сум од прикажаната игра, мислам дека резултатот не ја опишува вистинската слика на теренот. На моменти имавме пад на концентарција, мислам дека тоа не чинеше многу на овие три натпревари. Сакам да ја искористам оваа прилика да му посакам брзо закрепнување на нашиот фудбалер, Андреј Стојчевски, кој заработи тешка повреда на дуелот со Саудиска Арабија“.

Нашата репрезентација во октомври ќе одигра два контролни натпревари против Турција, како подготовка за ноемврискиот квалификациски турнир.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Англичаните стравуваат: Кејн се мачи со повреда пред Европското првенство

Напаѓачот на англиската репрезентација и Баерн Минхен Хари Кејн (30) мака мачи со повреда …