Селекторот на женската сениорска ракометна репрезентација Кристијан Грчевски го објави поширокиот список на ракометарки повикани за собир за претстојните натпревари со репрезентацијата на Азербејџан и Литванија во рамки на квалификациите за пласман на Европското првенство.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
На претстојната ЕХФ недела женската сенорска репрезентација на Македонија прво ќе гостува во Баку, Азербејџан а натпреварот е предвиден да се оддигра на 03.04.2024 во 15:00 часот, а потоа на домашен терен ќе ја пречека репрезентацијата на Литванија, а натпреварот е предвиден да се оддигра на 07.04.2024 во Скопје со почеток во 18:00 часот.
