Денес беше отворено Европското првенство на кое за првпат ќе игра Македонија, а пред почетокот на првиот натпревар кој го играа Турција и Италија стигна жалба од Грција за нашите дресови, поточно за aмблемот.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Според информациите на грчките медиуми грчкиот министер за спорт Лефетерис Авгенакис испратил писмо со жалба до претседателот на УЕФА Александар Чеферин за логото кое ќе го користи Македонија во првиот настап на еден голем турнир.
Грците сметаат дека не смееме да кроистиме ФФМ, туку СМ (Северна Македонија) или РСМ (Република Северна Македонија).
Во писмото исто така се бара да се испитало името Фудбалска Федерација на Македонија, тие тврдат дека сето ова е спротивно од содржината на преспанскиот договор.