Дома Трансфер зона Гринвуд нема да чека долго за нов клуб, веќе има фаворит за неговиот потпис

Гринвуд нема да чека долго за нов клуб, веќе има фаворит за неговиот потпис

Манчестер Јунајтед вчера официјално ја потврди разделбата со Мејсон Гринвуд, а денес веќе се најавува новиот клуб на напаѓачот.

Според информациите на островските медиуми, Гринвуд кариерата ќе ја продолжи во Ал-Етифак каде што тренер е Стивен Џерард. Ќе потсетиме, во овој клуб настапува и македонскиот фудбалер, Дарко Велковски.


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Сепак, се наведува дека Ал-Етифак е најблиску, но тие не се единствените кои сакаат да го доведат, Англичанецот го следеле и други клубови од Саудиска Арабија.

Не се познати финансиските детали, меѓутоа се најавува дека сигурно Гринвуд ќе има поголема плата отколку штои заработуваше во Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал Мадрид фаворит за потписот на Виртц

Младиот фудбалер на Баер Леверкузен Флоријан Виртц е голема желба на Реал Мадрид, пишуваат…