Дома Трансфер зона Го откри соиграчот: Видал сонува еден клуб, а тоа не се ниту Барса, ниту Интер

Го откри соиграчот: Видал сонува еден клуб, а тоа не се ниту Барса, ниту Интер

Соиграчот на Артуро Видал откри во кој клуб Чилеанецот сонува да заигра.

Артуро Видал се наоѓа на излезни врати од Барселона, но се уште никој не е сигурен каде ќе ја продолжи кариерата.

Чиленаецот на лето влегува во неговата последна година од договрот. Каталонците сакаат да се ослободат од неговите огромни примања од околу десет милиони евра. Се споменуваше Интер, но на „Џузепе Меаца“ се поделени околу неговото доаѓање.

Неговиот соиграч од репрезентацијата Гари Медел откри дека Видал сонува да го облече дресот на Бока Јуниорс.

„Артуро Видал сонува да заигра за Бока со мене или без мене во екипата. Многу ја сака Бока и ја следи на друштвените мрежи. Едвај го чека денот кога ќе заигра таму“, откри Медел.

Инаку, Медел за Бока играше од 2009 до 2011 госина, а потоа дојде во Европа поточно во Севиља каде што помина две сезони. Подоцна играше за Кардиф, Интер, Бешикташ, од 2019 годна е член на Болоња.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Не е само Јовиќ, Милан сака уште еден играч на Реал Мадрид

Милан минатата година го донесе Тео Хернандес од Реал Мадрид и тоа се покажа како една од …