Чилеанскиот фудбалер, Артуро Видал се појави вчера на собирот на репрезентацијата пред два претстојни натпревари во квалификациите за Светското првенство.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Видал повеќе од една година беше надвор од репрезентацијата и последниот натпревар го одигра против Колумбија во септември минатата година.
По слабите резултати на Чиле во квалификациите за Мундијалот во 2026 година искусниот фудбалер го критикуваше селекторот Рикард Гарека, па дури го нарече и „идиот“.
Видал сметаше дека сите фудбалери од „златната генерација“ на Чиле која ја освои Копа Америка во 2015 и 2016 треба да се повикаат.
„Би требало да сме во репрезентацијата, потребни сме“, изјави тогаш Видал.
Селекторот Гарека сакаше да ја подлмади селекцијата, но тоа подладување донесе очајни резултати.