Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис како да го најави отказот на Руди Гарсија кој со Наполи бележи лоши резултати.
Наполи не игра добро, па столчето на Гарсија сериозно се тресе, а доказ за тоа е и последната изјава на првиот човек на клуб пред медиумите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Не сум одлучил, ситуацијата е навистина незгодна и треба добро да размислам. Кога носите избрзана одлука, таа многу често е погрешна, затоа сакам се да разгледам. Не сакам кога треба да давам откази, но за жал фудбалот е таков“, изјави Де Лаурентис.
Инаку, италијанските медиуми денес пишуваа и ситуацијата на Елмас кој според последните информации воопшто не е задоволен од односот на Гарсија кон него. (ТУКА)