Дома Фудбал Италија Eлмас поради Гарсија заминува од Наполи?

Eлмас поради Гарсија заминува од Наполи?

„Кориере дело Спорт“ и уште неколку италијански медиуми блиску до клубот од Неапол, објавија дека Наполи поради Руди Гарсија кој има лоши резултати ризикува да остане без Елиф Елмас.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Руди Гарсија скоро и да не му дава минутажа на Елмас, а на Наполи не му оди и прашање е до кога Де Лаурентис ќе има трпение. Но, ако Гарсија остане подолг период, Наполи веќе во јануари може да остане без Елмас.

Ниту навивачите не се среќни што Елмас игра многу малку, додека Гарсија експериментира со Распадори во средниот ред.

Елмас и самиот наводно не бил задоволен, што веројатно е и очекувано ако се погледнат неговите минути сезонава. Договорот на Елмас има важност до 2025 година, се најавуваше дека Наполи сака да го задржи, но прашање е што ќе се случува поради Гарсија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Стивен Џерард е пред враќање во Англија!

Барнли остана без тренер откако беше постигната заедничка согласност за раскин соработката…