Oстана уште само Даниеле Ругани да ги договори личните услови за трансферот во Рома да биде комплетиран, но како што се најавува нема да биде проблем.
Римскиот клуб за едногодишна позајмица ќе му плати на Јувентус веднаш пет милиони евра, меѓутоа ќе има и обврска за откуп од 25 милиони евра следното лето.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Останува само уште на денешниот состанок спортскиот директор на Јувентус, Фабио Партичи, претставниците на Рома и агентот Давиде Торчи да се договорат за условите на Ругани кој бара годишна плата од три милиони евра во Рим.
Доаѓањето на дефанзивецот на Јувентус практично значи и крај за интересот на Рома за Дејан Ловрен.