Играчот на Динамо Загреб и шпански репрезентативец, Дани Олмо е главна ѕвезда во зимскиот преоден рок.
Шпанскиот фудбалер воодушеви со своите игри на „Максимир“ и е мета на многу европски гиганти, а последните информации се дека е познат неговиот нов клуб.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За Олмо силен интерес покажуваат Милан и Барселона, кои испратија понуда и се очекуваше Шпанецот да заврши во еден од овие два фудбалски гиганти.
Меѓутоа, во трката за неговиот потпис се вклучи и Лајпциг, кој постигна договор со Динамо Загреб, па Шпанецот ќе се пресели во редовите на лидерот во Бундеслигата.
Се договараат само последните детали од трансферот. Лајпциг за потписот на Олмо ќе плати 18 милиони евра веднаш, а со бонуси трансферот може лесно да достигне до 35 милиони евра.