Италијанскиот фудбалер, Николо Заниоло од наредната сезона повторно ќе биде дел од италијанскиот фудбал и ќе го носи дресот на Аталанта.
По епизодите во Галатасарај и Астон Вила, Заниоло се враќа во Серија А. Аталанта успеа да се договори со Галатасарај за позајмица со право на откуп. Целата зделка е договорена и фудбалерот во наредните денови треба да ги помине медицинските прегледи и да го комплетира трансферот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Аталанта на Галатасарај за позајмицата ќе плати сума од шест милиони евра, а доколку сака целосно да го откупи ќе и бидат потребни дополнителни 14.5 милиони евра.
Првично станува збор за клазула според која Аталанта ако сака може да го откупи, но во случај да се исполнат одредени услови клубот од Бергамо ќе биде обврзан да го откупи договорот.