На почетокот од летниот трансфер период Гостивар го напуштија дури 11 фудбалери, па сега раководството на клубот работи на комплетирање на тимот за новата сезона во Втората македонска фудбалска лига- Запад.
Откако беше претставен тренерот Дашмир Беари следуваа неколку засилувања. Најново име е Кадри Паолоши кој во Гостивар доаѓа од актуелниот шампион Шкендија.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Треба да се спомене дека претходно договорите ги продолжија Артан Велиу, Валтрин Каили, Генц Гаши, Лавдрим Скендери и Ардит Зеќир.