Дома Трансфер зона Голманот кој блескаше на Светското првенство го избрал својот нов клуб

Голманот кој блескаше на Светското првенство го избрал својот нов клуб

Голманот кој блескаше на Светското првенство, Доминик Ливаковиќ донел одлука каде ќе ја продолжи својата кариера.

Договорот на Ливаковиќ со Динамо му истекува на крајот на следната сезона и во неговиот договор постои клазула според која може да замине за 10 милиони евра. Турските медиуми пренесуваат дека Фенербахче направил голем чекор во доведувањето на хрватскиот голман.


Време е за фудбалска класика: Шпанија - Италија! ↓↓↓


Првата понуда на турскиот гигант изнесувала пет милиони евра, но истата веднаш била одбиена. Преговорите продолжиле и Динамо веројатно ќе добие десет милиони евра со вклучени бонуси.

Агентот на Ливаковиќ пристигнал на преговори во Истанбул и зделката е на чекор од договор. Ливаковиќ имаше голема желба да продолжи во клуб од топ пет првенства, меѓутоа сега е пред преселба во Турција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Алонсо во „пакет“ со Виртц доаѓа во Реал следното лето

Младиот фудбалер на Баер Леверкузен Флоријан Виртц е голема желба на Реал Мадрид, пишуваат…