Дома Фудбал Падна договор: Ливаковиќ ќе потпише за Барселона!

Падна договор: Ливаковиќ ќе потпише за Барселона!

Доминик Ливаковиќ наскоро ќе стане нов член на Барселона. Каталонскиот гигант постигна усен договор со Фенербахче за трансферот на хрватскиот репрезентативен голман, објави Фабрицио Романо со неговото препознатливо “here we go”, што служи за потврда на договорените трансфери.

Барселона ќе му исплати на Фенербахче два милиони евра веднаш, а уште два милиони можат да добијат преку бонуси. Сепак, Ливаковиќ нема веднаш да се придружи на екипата на Ханси Флик. Планот на Барселона е да го испрати на позајмица во текот на актуелната сезона, а да го вклучи во екипата во јуни 2027 година. Одличните односи меѓу Енди Бара и претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, ја обезбедија оваа комбинација за Ливаковиќ, а веста наскоро ќе биде официјално потврдена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Отворена постапка против Струга затоа што немало паркинг за автобусот на Вардар

Фудбалската федерација на Македонија денеска ги соопшто казните за изминитете натпревари о…