
Хакан Чалханоглу би можел да го напушти Интер без обештетување на крајот на сезоната 2026/27, откако влезе во последната година од договорот со миланскиот клуб, пренесуваат италијанските медиуми.
Според извештаите на “Газета дело Спорт”, меѓу Чалханоглу и Интер моментално нема преговори околу продолжување на соработката, ниту, пак, таков разговор во моментов е планиран. Најверојатното сценарио е дека турскиот играч од средниот ред на 30 јуни 2027 година ќе стане слободен играч.
Чалханоглу пристигна во Интер во 2021 година како слободен играч од градскиот ривал Милан и во изминатите сезони освои две титули во Серија А, три Купа на Италија и три Суперкупа на Италија.
Со “нероаѕурите” двапати играше во финалето на Лигата на шампионите.
Иако во февруари ќе наполни 33 години, Чалханоглу сè уште има важна улога во тимот на тренерот Кристијан Киву и е стандарден стартер на позицијата задниот играч од средината. Се очекува така и да остане за време на новата сезона.
Интер, сепак, не се наоѓа под притисок да ја решава брзо неговата договорна ситуација, имајќи предвид големиот број играчи во средниот ред. Освен Чалханоглу, Киву може да се потпре на Николо Барела, Куртис Џонс, Пјотр Зјелински, Петар Сучиќ, Александар Станковиќ, Хенрик Мхитаријан и Енди Диуф.
Можноста Чалханоглу следното лето да биде достапен како слободен играч веќе привлече внимание од турските гиганти Галатасарај и Фенербахче.